• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

За училиштето

Во основното општинско  училиште „Битолскиот Конгрес “ с. Лопате, Куманово наставата ја следат 277 ученици (18 ученици Македонци и 259 ученици Албанци).

Училиштето е мултиетничко, а наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик. Во училиштето се организираат воннаставни активности во различни секции: училиштен хор, училиштен оркестар, спорт, млади математичари, физичари, биолози, англиски јазик, културно уметнички активности, литературна, драмска и ликовна секција.

Преку примена на интеркултурните активности (од воннаставен карактер) училиштето го подобрува квалитетот на наставата и меѓуетничките односи. Со поддршка на Нансен дијалог центар Скопје училиштето успешно ги спроведува проектните активности на месечно ниво и гради позитивни односи во самото училиште и пошироката заедница преку интегрираното образование.

Училишниот кадар е особено заинтересиран за промовирање на меѓусебната соработка меѓу учениците, почитување на разликите меѓу учениците Македонци и Албанци, на пријателството и толеранцијата, вклучување на родителите во различни активности и негувањето поддршка на нивната меѓусебна соработка.