• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Игри со стакло

На 21. февруари 2019. година, наставниците Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети со учениците од прво одделение ја реализираа дневна активност „Стаклени шишиња“ од месечната тема Игри со стакло во рамки на Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Со цел создавање пријата работна атмосфера, активноста започна со игра. Потоа, учениците поделени  во групи, по своја желба украсија стаклени шишиња.

Целите на оваа активност се поттикнување на развоjот на детската фантазиjа и на креативниот потенцијал, поттикнување на учениците за активно користење на новоусвоените поими во секоjдневниот говор, формирање навика за правилно и безбедно одлагање на стаклениот отпад како и поддржување работна навика за редовно уредно одржување на семеjниот дом.