• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Category Archives: Новости

Покрај река

На 10. маj 2019. година, наставниците Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети со учениците од прво одделение ја реализираа дневна активност „Покрај река“ од месечната тема „Пролетта во моjот краj“ во рамки на Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.Со цел загревање, опуштање и создавање пријатна работна атмосфера, активноста започна со воведна игра. Активноста продолжи со работа на групи во кои учениците изработија елементи на средина покрај река. Изработката на која беше претставена чиста и нечиста средина покрај река, се изложи во холот на училиштето.Цели на оваа активност се: подржување на детската љубопитност за проучување и истражување на природните појави, поттикнување на учениците за самостојно следење на промените во природата,  поттикување позитивно расположение во групата како и сензилибизирање на учениците за повеќе можни облици на искористување на отпадни материјали во домаќинството.

Цвет до цвет

На 20. март 2019. година, наставниците Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети со учениците од прво одделение ја реализираа дневна активност „Цвеќарница“ од месечната тема „Цвет до цвет“ во рамки на Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активноста започна со воведна игра која учениците ја играа на парови и преку која ја открија темата на активноста. А потоа, учениците поделени по групи креираа разновидни цвеќиња, користејќи хартија во боја, колаж и пластични тањири.

Целта на оваа активност е поттикнување на учениците за самостоjно следење на промените во природата, проширување на детското искуство за поjавите во природата, како и согледување на нивната меѓусебна поврзаност, сензибилизирање на учениците за повеќе можни облици на искористување на отпадни материjали во домаќинството, како и поттикнување на детската оригиналност и иновативност при креирање нови продукти со пластичен отпаден материјал.

Игри со стакло

На 21. февруари 2019. година, наставниците Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети со учениците од прво одделение ја реализираа дневна активност „Стаклени шишиња“ од месечната тема Игри со стакло во рамки на Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Со цел создавање пријата работна атмосфера, активноста започна со игра. Потоа, учениците поделени во групи, по своја желба украсија стаклени шишиња.

Целите на оваа активност се поттикнување на развоjот на детската фантазиjа и на креативниот потенцијал, поттикнување на учениците за активно користење на новоусвоените поими во секоjдневниот говор, формирање навика за правилно и безбедно одлагање на стаклениот отпад како и поддржување работна навика за редовно уредно одржување на семеjниот дом.

Шумски животни

На 26 ноември 2018 година, наставниците Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети ја реализираа дневна активност Шумските животни од месечната тема Есента во мојот крај во рамки на Еко секцијата од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за прво одделение.

Учениците поделени по групи зборуваа за промените кај растителниот и животинскиот свет со доаѓањето на есента. За реализација на оваа активност тие користeа различни лисја, училишен прибор и претставија неколку животни, со што направија и нивна разлика.

Оваа активност има за цел поттикнување на детскиот творечки и креативен потенцијал, освестување за природнитепромени кај растителниот и животинскиот свет во есенскиот период, препознавање на шумските животни, што го докажаа со нивните финални творби.

„Костенчиња“

На 25 октомври 2018 година, наставниците Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети заедно со учениците од прво одделение ја реализираа дневната активност „Костенчиња“ од месечната тема „Есенски плодови“, во рамки на Еко секцијата од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Учениците поделени по групи корстеа различни материјали кои се наоѓаат во природа и училишни материјали. Со комбирање на истите, моделираа интересни форми при што ги препознаваа разликите помеѓу живата и неживата природа. Во текот на активноста, учениците соработуваа меѓусебно разменувајќи материјали.

Целта на оваа aктивност е да се поттикне креативниот потенцијал, конструктивната соработка, зајакнувањето на интеракцијата меѓу децата и чувството на припадност во групата.

Мајски цвеќиња

На 16 мај 2018 година, наставничките Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети ја реализираа воннаставната активност „ Мајски цвеќиња“ во рамки на Еко-секцијата.

Цели на воннаставните активности беа:

поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка;
поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата;
оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање;
охрабрување на учениците за невербална комуникација во двојазично опкружување;
зајакнување на самодовербата кај учениците;
поттикнување на детската оригиналност, креативност;
развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи;
поттикнување на учениците за самостојно следење на промените во природата како и нивно внимателно сликовно бележење;
проширување на детското искуство за појавите во природата, како и согледување на нивната меѓусебна поврзаност.

За време на активностите учениците заедно изработуваа пролетни декорации и изработки со цвеќиња.

Априлска парада

На 3. април 2018 година наставничките Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети ја реализираа активноста „Априлска парада“. Цели на активноста беа:

-Откривање на поврзаноста помеѓу животинскиот и растителниот свет;
-Потикнување грижлив однос кон животните;
– Потикнување позитивно расположение во групата;
– Зајакнување на интеракцијата помеѓу децата и чувството на припадност во групата;
– Поттикнување меморија и усвојување на зборови на немајчински јазик;
– Развивање на детската фантазија и креативен потенцијал.

“Во училницата се поставени претходно подготвени 3 клупи со работен материјал. Маските се претходно изработени од наставничките,на бели листови хартија.Учениците ги бираат по случаен избор, маските се свртени наопаку додека ги бираат. Маските ги бојат со фломастери и дрвени бои, додаваат памук или волница, ги сечат и ги врзуваат со волница. Маските ги ставаат на лице а наставничките им помагаат во врзување. За крај, ги ставаат маските и еден по еден изведуваат движења и имитации соодветни на маската. Потоа ги лепат на бел хамер и го пишуваат со фломастер своето име до маската“. Д. Стефановска и Х. Мемети.

Букет од цвеќе

На 12-ти март 2018 година, наставничките Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети ја реализираа активноста „Букет од цвеќе“ во рамки на Еко- секцијата. Цели на активноста беа:

Зимски спортови

На 21 февруари, 2018 наставничките Мерлин Стојановска и Зејнепе Бајрами ја реализираа планираната проектна активност со учениците како дел Уметничката секција и во склоп на месечната тема “Зимски доживувања“. Цели на активноста беа: продлабочување на детските предзнаења и интерес за зимските спортови; поттикнување на креативноста кај учениците при изработка со различни материали; одржување на позитивна клима и поттикнување за заедничка соработка во групата.

Поларна зима – ескимско игло

На 15-ти февруари, 2018 наставничките Мерлин Стојановска и Зејнепе Бајрами ја реализираа планираната проектна активност со учениците. Цели на активноста беа: продлабочување на детските предзнаења и интерес за поларни области, животни кои живеат во северниот пол, поларна мечка, пингвини, фоки, делфини; поттикнување на креативноста кај учениците при изработка со различни материали; одржување на позитивна клима и поттикнување за заедничка соработка во групата.